Компирки
Оригинален рецепт од битолска пекара, популарните битолски Компирки!
1. Во тенџере се става водата да зоврие и се трга од рингла. Во зовриената вода се додава маслото, па се попаруваат пире струготините и се меша да се соедини.
2. Се додава солта, вегетата и активираниот квасец. На крај се меси со брашното. Се покрива и се остава 10 минути, па се премесува и уште еднаш 10 минути да отстои.
3. Потоа се премесува уште еднаш и се сучи со дебелина од пола до 1 см, зависно колкави сакате да ви се големи. Јас ги сакав како залачиња, ми беа за кетеринг, па затоа се помали. Се сечат најчесто со кружен калап, со големина на крофни, но не мора, еве, можи и вака ако сакате.
4. Компирките се редат во плех, се премачкуваат со смесата за премачкување, се посипуваат по желба со семиња и се печат во загреана рерна на 200С.
Лиценца: Сите права се задржани