Комад од кори
Комад е тетовски збор за баница, а токму овој рецепт ми е од Тетово.
Лесна за подготовка,одлична е за доручек,вечера....
Квасецот се замешува со млаката вода,1 супена лажица брашно и 1 лажица шеќер.
Посебно се замешува киселата вода, зејтинот, пченкарното брашно и сол по вкус.
Откако ќе стаса квасецот двете смеси се соединуваат.
Секоја кора се попрскува со смесата, а на секоја втора се става сирење, се мота во ролат и се става во плех. Постапката се повторува се додека има кори. Откако ќе се наредат, се сече, се полива со остатокот од смесата, се става сусам и се става да се пече.
Се пече на 200 Ц додека да се зацрви.
Откако ќе се испече се полива со предходно растопениот маргарин.
Се остава да се излади.
За фил може да се користи праз,спањаќ,сирење.....
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови