11
јун
2020
Колач топло-ладно
Овој колач го имаше врвот на својата популарност одамна,ама мојата ќерка ме потсети на него,па да се потсетите и вие.
Прво ја топиме чоколадата со путерот на пареа.Јајцата се матат со шеќерот во прав во пенаста смеса.Се додава полека од брашното и на крај и стопеното чоколадо со путерот.Смесата се распоредува во калапи претходно намастени со маргарин.Се пече на 200 степени во загреана рерна 7 минути.Се служи топло со топка сладолед и овошје по избор.Морам да напоменам дека во подготовката бев само асистент на ќерка ми.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови