Колач со портокал и афион
Во свое време бев голем фанатик да имам разнообразни модли, калапи- силиконски, тефлонски... и не ретко кога ке земев некој калап на самиот омот си имаше и рецепт. Така на една модла се најде и овој рецепт, толку убаво ми изгледаше на сликата, но пишува на италијански, мака мачев додека се испреведе, нели не си знам, омотот го зачував и најдов една прилика кога веќе знаев дека точно ќе ми биде преведен. Од тогаш наваму, не знам зошто, но посебно ми вкусен во ладни денови - есен и зима, што не значи дека неможе да се спрема и во лето или пролет.
Значи, постапката е следната
1. Во сад измешајте ги млекото и афионот.
2. Во друг сад изрендајте ја кората од портокалот, потоа исечете го и изрендајте го целиот портокал внимавајки да не изренда од белиот дел, а кој обожава да има горкаст вкус, тогаш целиот портокал директно изрендајте го заедно со белиот слој под кората.
Оставете настрана.
СМЕСАТА
- Изработете со миксерот путерот (маргаринот) заедно со шеќерот, додајте го изренданиот портокал и едно по едно јајце. Кога се добро е изматено и споено, додадете го брашното во кое веќе сте го измешале пецивото, измешајте и сега веќе додадете го млекото со афионот. Измешајте да се добро спои, ставете во модла во должина од 28 см. и печете на 180 степене околу 60 мин. (зависно од рерната)
- Денес го печев во куглов.
СИРУП
- Шеќерот и исцедениот сок од портокалите во кој сте додале уште 200 мл. бистар сок од портокал ставете на оган да проврие.
- Со половина од врелиот сирупот полејте го колачот, а со остатокот од половината заливајте го парчето при самото служење.
Ова е оригинал рецептот.
При изработката на самиот колач од голема, навистина голема помош ќе ви биде видео рецептот за колачот со лимон поставен од МОИ РЕЦЕПТИ, сосема е иста постапката само што се разликуваат состојките.
СОВЕТ - многупати за количината од 200 мл. сок јас користам од детските бистри сокови од портокал, но како веќе погре напишав бидејки го сакам овој колач наесен и во зимо, по рецептот на ЛилиН за слаткото од мандарини кое го имам честопати, го користам и тоа совршено одговара шербетот од самото слатко. Значи и количината на шеќерот ја прилагодувам. Не малку пати користам и шербетот од кандираните кори од лимон и портокал. Ова во стилот - СНАЈДИ СЕ
- Корите од портокалот не ги пакувајте за во канта, сочувајте ги, исушете ги и изренадјте ги и измешајте во шеќер, одлична арома за колачи, а истото се однесува и за корите од лимон.
- Може од корите да се спремаат на многу начини, а за еден од нив... почекајте, бидете стрпливи... на таа тема ке зборува уште утре.
Да ви е слатко драги пријателки!
Лиценца: Сите права се задржани