Подготовка:

1. Ги матиме јајцата со шеќерот и солта. Маскарпонето го мешаме со лажица да омекне малце, па го додаваме во смесата. Потоа го додаваме брашното, пецивото и ванилата.
2. Половина од кајсиите ги сецкаме и ги додаваме во тестото. Мешаме убаво со лажица. Го истураме тестото во калап за печење (26-28цм) кој претодно сме го премачакле со масло за јадење или путер. 3.Печеме во загреана рерна на 180 степени околу 1 час. Доколку колачот брзо потемни одозгора за време на печењето, покријте го со алуминиумска фолија.

4. Откако ќе се испече, го оставаме да се олади, па го вадиме од калапот. Ги редиме останатите кајсии исечени на тенки парчиња и ги премачкуваме со мармаладот. За полесно премачкување мармаладот го загреваме кратко пред употреба.

Декорираме со малку шеќер во прав, цимет и ливчиња свежо нане.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови