Сочен, ароматичен, превкусен колач кој е готов за пола час, а неговата подготовка покрај тоа што нема да ви одземе многу време, е едноставна и без употреба на миксер.

Подготовка

- Во длабок сад ги ставаме јајцата и ванилите, промешуваме со жица за матење. Го додаваме шеќерот - пак промешуваме.
- Потоа ги додаваме останатите наведени состојки, по редослед како што се напишани. После секое додавање на состојките малку промешуваме за да се соединат и изедначат убаво состојките.
- Смесата ја префрламе во тавче (намрсено и набрашнето) и колачот го ставаме да се пече во загреана рерна на 200 степени.
- Проверуваме со чачкалица кога е испечен колачот (јас печев околу 25 минути).
- Колачот најдобро е да се сече оладен, иако може да се сече и топол. Овој колач е сочен и мек, дури и наредниот ден, па и два, секако ако остане.

Забелешка - Јас печев во тавче со димензии 20х30цм.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани