4
јул
2020
Колач со вишни
1. Најпрво се матат белките со постепено додавање на шеќерот.Потоа се додава една по една жолчка.Се додава јогуртот,маслото брашното заедно со пецивото.Се истура смесата во плех 40х30 см .
2. Вишните се посипуваат со гриз и 4 лажици шеќер.Се истураат врз тестото. Се печи на 200С 35мин.Се оладува и се посипува со шеќер во прав.
ПС-Јас половина од вишните ги измешав во тестото,половина одозгора и ете паднаа на дното.Друг пат само одозгора ќе ги ставам вишните.Инаку е вкусен, лесен и освежителен колач кој може секој да го направи и да биде успешен.
Лиценца: Сите права се задржани