Многу вкусен и лесен за подготовка е колачов, па пробајте го.
Прво се мати јајцето со шеќерот, па се додава ванилиниот шеќер.
Потоа се додаваат течните состојки, млеко и масло.
На крај се додава брашното во кое е измешано пецивото.
Вака изматениот колач се става во намастен калап број 28 со обрач, за полесно да се вади.
Колачот се става да се пече во загреана рерна на 180 степени.
Се запекува околу 10 минути се вади и згора се распоредуваат вишните. Повторно се враќа да се допече уште дваесетина минути.
Испечениот и изладен колач се наросува со шеќер во прав и се послужува.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови