Подготовка

1. Путерот изматете го со шеќерот. Додавајте ги жолчките една по една и изматете. Додајте ја и ванилата и изматете. Потоа додајте ги брашното, содата и солта и измешајте со лажица додека да добиете тесто. На крај додајте ги оревите и чоколадните капки.
2. Формирајте топчиња со лажица за сладолед и наредете ги на плех обложен со хартија за печење. Нека има по неколку сантиметри простор помеѓу топчињата.
3. Притиснете ги топчињата малку со рака или шпатула (да се израмнат) и печете во загреана рерна на 180 степени, 15 минути.
Од оваа доза ми излегоа 18 големки колачиња.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани