Испечати

Колачиња со жолчки

Колачиња со жолчки

Состојки

  • 6 жолчки
  • 1 лажичка ванила арома
  • 120г путер (омекнат)
  • 200г шеќер
  • 320г брашно
  • 1,5 лажичка сода бикарбона
  • прстофат сол
  • 60г сецкани ореви (по желба)
  • 60г чоколадни капки или сецкано чоколадо (по желба)

Подготовка

Подготовка

1. Путерот изматете го со шеќерот. Додавајте ги жолчките една по една и изматете. Додајте ја и ванилата и изматете. Потоа додајте ги брашното, содата и солта и измешајте со лажица додека да добиете тесто. На крај додајте ги оревите и чоколадните капки.
2. Формирајте топчиња со лажица за сладолед и наредете ги на плех обложен со хартија за печење. Нека има по неколку сантиметри простор помеѓу топчињата.
3. Притиснете ги топчињата малку со рака или шпатула (да се израмнат) и печете во загреана рерна на 180 степени, 15 минути.
Од оваа доза ми излегоа 18 големки колачиња.

На здравје!