Колачиња од јајце
1. Загрејте ја рерната на температура од 180°Ц.
2. Премачкајте калапи за мафини со путер.
3. Ставете на оган мало тенџере со вода и додајте половина лажичка сол. Откако водата ќе зоврие, во неа додајте ги брокулите, пченката и зелената боранија. Варете ги само 1 минута и веднаш извадете ги од жешката вода за да го запрете нивното готвење.
4. Исечкајте го доматот на мали парчиња, крупно изрендајте ги морковите, а брокулите разделете ги на мали „цветчиња“.
5. Во длабок сад измешајте ги јајцата и жолчките, додајте ги млекото и слатката павлака и зачинете со половина лажичка сол и половина лажичка црн пипер. Добро изматете ја смесата.
6. Во секој од калапите за мафини ставете малку рендан кашкавал на дното. Додајте мали парчиња од секој зеленчук, наполнете го калапот до половина со смесата со јајца и одгоре повторно ставете рендан кашкавал.
7. Ставете ја тавата со калапите в рерна и оставете ги колачите да се печат околу 15 минути, т.е. додека не започнат да добиваат „златен“ изглед. Оставете ги малку да се изладат, а потоа извадете ги од калапите.
8. Можете да ги украсите со малку кечап, павлака, маслинка или магдонос.
Пријатен апетит
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
може и еурокрем и цртани цел ден? :) :) :) :)