Коктел со преубав вкус.
Топлото време се ушџте мами за освежителните пијалоци.
Еве еден домашно приготвен коктел со кокос бакарди.
Мала ракиена чашка бакарди од кокос ја помешуваме со ладен сок од ананас.
Додаваме коцки мраз.
Правилно, се става ситно кршен мраз, но јас го немав, ставив замрзнати пластик коцки.
Сепак вкусот е одличен.
Нема многу работа овде,пробајте го и освежете се.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови