Брашното, густин, шеќер, ванила шеќер и жолчките изматете ги со малку млеко.
Отанатото млеко ставете го во оган, нека се загрее па во него додајте ја мешавината.
Мешајте додека не ја добиете саканата густина. Оставете да се излади.
Путерот нека биде на собна темепратура, па изматете го со изладениот фил.
Додајте кокос и измешајте.
Наместете ги бисквитите, па врз нив ставете од филот, додека не се потроши смесата.
Декорирајте со кокоси ставете во фрижидер нека преноќи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови