Кокос штангли (без печење)
Состојки
- 250гр бисквити со какао или чоколадо полнење
- 500мл млеко
- 2 жолчки
- 200гр шеќер
- 1 ванила шеќер
- 40гр брашно
- 40гр густин
- 100гр кокос, плус за декорација
- 200гр путер
Подготовка
Брашното, густин, шеќер, ванила шеќер и жолчките изматете ги со малку млеко.
Отанатото млеко ставете го во оган, нека се загрее па во него додајте ја мешавината.
Мешајте додека не ја добиете саканата густина. Оставете да се излади.
Путерот нека биде на собна темепратура, па изматете го со изладениот фил.
Додајте кокос и измешајте.
Наместете ги бисквитите, па врз нив ставете од филот, додека не се потроши смесата.
Декорирајте со кокоси ставете во фрижидер нека преноќи.