Кокос коцкички
Подготовка на бисквитот
1. Се матат пенасто белките со шеќерот и се додава сокот од лимон
2. Се исклучува миксерот и се додава кокосот и брашното
3. Се пече во тавче од рерната на 180 С
4. Откако ќе се испече бисквитот, додека е жежок се полева со ладното млеко да впие веднаш
Подготовка на филот
1. Млекото со шеќерот се ставаат на огин да зовријат
2. Жолчките и густинот се разматуваат во сад настрана со дел од млекото и потоа се додаваат во врелото млеко и се вари крем
3. Се додава ванилиниот шеќер
4. Откако ќе излади кремот, се додава претходно изматениот маргарин со шеќерот во прав да се соединат убаво
Подготовка на шлаг кремот
1. Во ладно млеко се истура смесата за шлаг крем и се мати околу 3-5 мин да згусне смесата
Филување
1. Натопениот бисквит со ладно млеко
2. Филот од жолчки и густин
3. Шлаг кремот
4. Кокос се посипува озгора
5. Се сече на коцки
6. Јас декорирав со шлаг крем, вишни од компот и сируп од вишни
Лиценца: Сите права се задржани