Во касерола на многу тивок оган ги ставаме да се соединат, чоколадото, кокосовото масло, медот и млекото.
Не смее да проврие.
Тргаме од оган и убаво ја изедначуваме смесата.
Во нутрибулет ги мелиме оревите, бисквитите, брусницата.
Ги додаваме кај растопените состојки и го додаваме кокосот.
Убаво со рака соединуваме.
Формираме бомбици и ги валкаме во кокос.
Ги ставме во хартиени корпици и послужуваме.

Во зависност од тоа какви бисквити ќе користите , посни или мрсни, и крупен или ситен кокос, можеби ќе ви треба уште една лажица млеко.
Мене вака ми беше соодносот одличен.
Лесно ги формирав, без да пукаат.
Наместо бисквити може да се користи рогач, или мелени овесни снегулки...за уште поздрава варијанта на бомбициве.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани