Кокос бомбици
Маргаринот пенасто изматете го со шеќерот во длабок сад. Додадете го кокосот, румот или др. и млекото/водата. Со рака измесете,оставете во фрижидер околу 10 мин. Потоа правете бомбици со еднакви величини или ставете ја смесата во калап обложен со транспаретнтна фолија потоа сечете коцки или штангли.
Откако ќе направите бомбици потопувајте ги една по една во чоколада стопена на пареа со масло или може да ги извалкавете во чоколадни трошки, кокос, рендана чоколада, мелени ореви или што сакате. Може да користите бело чоколадо потоа да направите шари со црно, правете ги по ваша желба.
Оставете ги најмалку 2 часа о фрижидер.
Имаат многу сличен вкус на купечките Баунти. =)
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови