Кифли со сусам, лен и сончоглед
Превкусни кифли меки како душа.Може да се направат и помали како визатирски кифли.Топло ви ги препорачувам.
Се меси тестото од горе наведените состојки, со претходно активирање на квасецот( во самиот сад каде што ќе се меси, во просеаното брашно се прави вдлабнатинка и се става квасецот, 1 лажица шеќер од целата количина и малку топла водичка за да се добие густа кашеста смеса), па се додаваат сите наведени состојки.
Тестото треба да е средно меко, не лепливо на раце.Убаво се меси и притоа се удира од работната површина.Се остава убаво да надојди, да дуплира волумен.
Се прават 16-18 топчиња и се обликоваат кифли.Се премачкуваат со жолчка разматена со малку млекце и се росат со семиња.
Повторно да надојдат, некаде 30 мин. и се печат на 200 додека убаво поруменат.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани