21
сеп
2020
Кифли со ајвар и сирење
Подготовка
Во длабок сад ставете ги просеаното брашно, сувиот квасец, хималајкската сол и промешајте. Потоа додадете ги екстра маслиновото масло и топлото млеко. Замесете меко и нелепливо тесто. Ако има потреба, додадете уште малку брашно.
Садот покријте го со фолија и оставете го тестото да одмори и да се дуплира.
Од тестото направете мали топчиња. Секое топче расукајте го со помош на оклагија и премачкајте со малку ајвар и ставете сецкано сиренце, а потоа замоткајте во форма на кифличка.
Наредете ги кифлите во тава за печење. Одозгора премачкајте ги со жолчка, ставете по малку путер и сусам.
Печите на 200 степени додека да заруменат убаво одозгора.
На здравје
Лиценца: Сите права се задржани