Кифли со ајвар и сирење
Состојки
- 150 мл топло млеко
- 50 мл екстра маслиново масло
- 1/2 кафена лажица хималајска сол
- 300 гр брашно
- 1 сув квасец
- 5 лажици ајвар
- 150 гр сецкано сирење
- сусам по потреба
- 100 гр путер
- 2 жолчки од јајце
Подготовка
Подготовка
Во длабок сад ставете ги просеаното брашно, сувиот квасец, хималајкската сол и промешајте. Потоа додадете ги екстра маслиновото масло и топлото млеко. Замесете меко и нелепливо тесто. Ако има потреба, додадете уште малку брашно.
Садот покријте го со фолија и оставете го тестото да одмори и да се дуплира.
Од тестото направете мали топчиња. Секое топче расукајте го со помош на оклагија и премачкајте со малку ајвар и ставете сецкано сиренце, а потоа замоткајте во форма на кифличка.
Наредете ги кифлите во тава за печење. Одозгора премачкајте ги со жолчка, ставете по малку путер и сусам.
Печите на 200 степени додека да заруменат убаво одозгора.
На здравје