Кисело-кремаста торта без печење
Кисело-кремаста торта, зашто не користев крем сирење туку кисела павлака. Инаку ќе беше чискејк.
Во последно време, многу често, во десерти си ја сакам и си ја користам киселата павлака, ми дава многу интересен вкус и освежително делува. И ги прави десертите полесни.
Подготовка
1. Мелените бисквити измесете ги со марагринот, мармаладот, 1 ванила и исецкани лешници.
2. Смесата изедначете ја и префрлете во калап по желба. 20 до 24 см пречник, би било доволно.
3. Над неа изрендајте малку млечно чоколадо кое го сакате.
4. Павлаката измешајте ја со 1 ванила, мед и шеќер во прав, па таа смеса ставете ја над онаа со бисквити.
Украсете по желба и ставете го десертот во фрижидер да преноќи пред послужување.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Колачот е многу добар, да го пробате задолжително.