Кинески Палачинки (со млад кромид и сирење)
Одамна им се токмев да ги направам, а впечатокот сега ми е дека требало многу порано да ги пробам. Топло ви ги препорачувам да ги направите и вие.
Тестото се прави само од 3 состојки и истовремено е многу меко и совршено за работа.
Подготовка
1. Најпрво се замесува тестото од наведените состојки. Веднаш го делиме на 6 еднакви делови, кои ги рассукуваме во големина на чинија, ги намрсуваме со стопениот маргарин заедно со зејтинот, ги покриваме со стреч фолија и ги оставаме да одморат 30 минути.
2. Потоа секој дел го растегнуваме што потенко на намрсена работна маса, ставаме насекаде од младиот кромид и рендаме сирење. Завиткуваме како ролат, па го виткаме како полжавче. Истата постапка ја правиме со сите 6 дела.
3. Потоа секој дел на намрсена работна маса се рассукува како палачинка и веднаш го пржиме на средна температура во тава која малку сме ја намрсиле. Пржиме околу 1-2 минутки од едната страна, превртуваме од другата страна - пржиме уште 1-2 минутки....па уште еднаш повторуваме од двете страни, додека убаво не поруменат.
Забелешка - основниот рецепт е само со млад кромид (тоа е посна варијанта) по моја желба додадов и сирење и не погрешив, вие како сакате.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови