Мојот рецепт е пола кинески, пола македонски, бидејќи некои од намирниците ги нема овде, па морав да ги подготвам плачаниките малку и по нашки.
Се прават палачинките од смесата, со тоа што на крајот се додава зелениот грав кој претходно е убаво и ситно сомелен.
Се меша со лажица и се печат палачинките.
Јас да се пофалам прват сега ја употребам накосената тава која ја добив за награда за темата палачинки. Супер екстра тава!

И така со голема лажица ставате во тавата, и потоа дел од едно изматено јајце се посипува врз палачинката.
Едно јајце користев за 4 палачинки.
Значи само мал дел од изматеното јајце посипувате веднаш по сипување на смесата во тавата. Ставате и малку црн сусам.
За кратко палачинката ќе си се одвои од тавата и ја превртувате.
Јас ставив сирење внатре со чили сос.
И воала, превкусен појадок.

Во Кина ставаат едни крцкави тестенца. Бидејќи не можев ништо слично да најдам, решив со нашето превкусно сиренце да ги филувам.

Одлично иде со чаша јогурт.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани