Испечати

Кинески палачинки од зелен грав (мунго), јајца и црн сусам

Кинески палачинки од зелен грав (мунго), јајца и црн сусам

Состојки

  • За тесто за палачинки
  • 1 чаша (150 мл) брашно
  • 1 чаша млеко
  • 1 чаша минерална вода
  • 1 јајце
  • 50 гр брашно од сомелен зелен грав (мунго)
  • Дополнително за палачинките
  • 1 јајце
  • 1 мала лажичка црн сусам
  • 50 гр сирење

Подготовка

Мојот рецепт е пола кинески, пола македонски, бидејќи некои од намирниците ги нема овде, па морав да ги подготвам плачинките малку и по нашки.
Се прават палачинките од смесата, со тоа што на крајот се додава зелениот грав кој претходно е убаво и ситно сомелен.
Се меша со лажица и се печат палачинките.
Јас да се пофалам прв пат сега ја употребам накосената тава која ја добив за награда за темата палачинки. Супер екстра тава!
И така со голема лажица ставате во тавата и потоа дел од едно изматено јајце се посипува врз палачинката.
Едно јајце користев за 4 палачинки.
Значи само мал дел од изматеното јајце посипувате веднаш по сипување на смесата во тавата. Ставате и малку црн сусам.
За кратко палачинката ќе си се одвои од тавата и ја превртувате.
Јас ставив сирење внатре со чили сос.
И воала, превкусен појадок.
Во Кина ставаат едни крцкави тестенца. Бидејќи не можев ништо слично да најдам, решив со нашето превкусно сиренце да ги филувам.
Одлично иде со чаша јогурт.
На здравје