1
јан
2019
Киви лимонада
За добар почеток на денот и одлично расположение овој природен сок е добредојден секому.
На сите мои фанови, мои пријатели, Мои рецепти им ја честитам Новата година, со желба да имаат само убави моменти во неа.
Во Нутрибулет го ставме исцедениот сок од лимон ( кој е пожелно да е малку загреан, бидејќи така ќе пушти повеќе сок) и излупените, сецкани киви, гранчињата нане.
Миксаме смесата за да се изедначи.
Потоа во бокал ги ставме медот и измиксаната смеса.
Промешуваме, се додека медот не се раствори.
Сервираме и послужуваме.