Кефирна вода
Можеби сите три поединечни рецепти, верзии ви делуваат збунувачки, но верувајте кога ќе им го фатите редот, нема ништо поедноставно.
Пред да започнам со објаснување на прготвите, сакам да кажам дека јапонските кристали тешко се наоѓаат, но доколку има заинтересирани, јас имам вишок од нив, па можам да ги споделам со вас. Може да ме контактирате и ако сте од Скопје, ќе се договориме и добивате бесплатно. По таа набавна цена ги добив, по таа и ќе ги давам!
МНОГУ ВАЖНО - НЕ СЕ УПОТРЕБУВА МЕТАЛЕН ПРИБОР!!!
1. Кефирна вода со јапонски кристали (кефирна фаба) - посна верзија
Постапка
Во стаклена тегла од 2 л.(добро измиена под млаз ладна вода) се ставаат кристалите, шеќерот, прополовените суви смокви или сливи или зрнцата суво грозје и измиениот преполовен лимон (цел или пола, зависно колку сакате да биде киселоста на напитокот).
Се налева водата и добро се промешуваат состојките.
Садот може да се затвори со капак или пак со проѕирна фолија околу која ќе ставите ластиче.
Вака спремената тегла ја ставаме на светло место и на секои 24 часа состојките се промешуваат.
Ферментацијата трае 2-3 дена (зависно од надворешната температура), а потоа се вади сувото овошје и лимонот (може да се исцеди директно во шишето каде што ќе ја собирате водата), а течноста се процедува низ густо сито.
Кристалите кои што ќе останат во ситото се мијат под млаз ладна вода и постапката се повторува.
Кефирната вода јас веднаш ја ставам во фрижидер на ладење.
Доколку не сакаме да направиме нова доза,измиените кристали ги префрламе во обична тегла,со вода во која има ставено малку шеќер.
Кога ќе посакаме да ги користиме пак, ги вадиме во цедалка, повторно ги промиваме под млаз вода и започнуваме со постапката наново.
При секоја постапка кристалите се намножуваат, во просек по 2 лажици. Што значи доколку условите им се поволни нивните количини набргу ќе се наголемат. Вишокот се одвојува, се става во мирување и се дава на други заинтересирани за нив. Кристалите не се фрлаат, тие се живи и тешко се набавуваат.
Употреба
Добиениот напиток е одличен за оздравување и за продолжување на животот. Се пие секој ден, пола или еден час пред или после јадење, а не се пие со храна, заради подобро дејство.
Кај тешки и долги болести, се пие по пола литар наутро, попладне и навечер. Помага при тврда столица по 24 часа, а се пие секоја вечер, најмалку 4 недели. По 2-3 дена помага при дијареа, а помага и за следните болести
- нервни болести (1 литар дневно)
- чир (1 литар дневно), по 2 месеци чирот исчезнува
- астма, бронхијални заболувања (1 литар дневно) за астма потребно е подолго време да се пие.
- склероза, регулација на телесна тежина и крвен притисок (1 литар дневно)
- анемија и леукемија (1 литар дневно), кај потешки случаеви 2 литра дневно
- тегоби во желудникот (1 литар дневно) по 2-6 месеци тегобите исчезнуваат
- алергија, егземи и плускавци (пола литар дневно), болните делови можат да се масираат со кристалите,по 2-4 недели кожата се нормализира
- воспаление и проблеми со бубрезите и мочниот меур (1 литар дневно)
- болести на желудникот и внатрешните органи,дури и при акутно воспаление на црниот дроб (1 литар дневно)
2. Воден кефир од кефир (млечен производ) - млечна, не посна верзија
Оваа верзија ви е за во случај кога немате кристали.
Квалитетот на добиената вода, секако не може да се споредува со таа добиена од габите, но сепак добивате ферментиран освежителен пијалок!
Кефирот може да го набавите од секоја продавница или да го спремите дома.
Во теглата ставете ги кефирот, шеќерот, сувото овошје и лимонот и налејте ја водата. Промешајте убаво и оставете ја теглата на собна температура 24 часа. Киселоста на водениот кефир се регулира со капакот од теглата. Ако сосема го затворите добивате погазирана вода и обратно.
Тука нема потреба од процедување, директно од тегла оди во чаша.
Водениот кефир може да го чувате во фрижидер или ако го оставите надвор, дополнително да го оладите со коцки лед.
3. Потквасување на млеко со јапонски кристали (кефирна габа)
Во стаклени тегли од 1 литар ставете ги кристалите и налејте го млекото, затворете ги теглите со капаците и оставете ги на собна температура, не помалку од 3-4 часа. Потоа процедете го млекото, кое се ферментирало до кефир и ставете го во фрижидер.
Кристалите измијте ги под млаз ладна вода и складирајте ги или употребете ги повторно за потквасување или пак за кефирна вода, согласно со вашите потреби.
Јас кога потквасував имав еден успешен и еден неуспешен обид. Мора да внимавате на времето, бидејќи кај мене вториот пат, кристалите толку многу го исферментираа млекото што добив нешто налик на урда. Проблемот беше во тоа што кристалите останаа заробени и немав можност да ги одвојам, а со тоа значи дека ги губите.
За секоја нејаснотија слободно прашајте!!!
Лиценца: Сите права се задржани
Инаку габа...како што ти делеше физалис(кој патем го затурив некаде и не можам да го пронајдам за да го посеам),така јас од ова,ќе се начекаме некаде.
Ова за општо здравје е супер...но за разлика еве од комбухата,која исто така е вид на габа,се многу полесни за одгледување.
Kefirot stana sekojdnevie kaj mojot vnuk duri lugeto zaboravija na jogurt:)