Вкусен, несекојдневен ручек денес подготвив. Топла препорака за да го спремите и вие.

Подготовка:

1. На загреано масло го запржуваме сецкано то пилешко месо, приближно на исти коцки. Зачинуваме со горе наведените зачини. Од кога ќе почне благо да заруменува, го тргаме на кратко во посебна чинија.
2. Во истата маснотија го запржуваме ситно сецканиот кромид, па додаваме ситно сецкан морков, па сецкана пиперка. Промешуваме, па го додаваме сецканиот црвен домат и го враќаме месото во садот. Готвиме заедно уште неколку минути, да се спојат вкусовите. Тргаме од оган.
3. На секоја половина тортиља ставаме рендан кашкавал. Врз него ставаме од подготвеното месо. Пак по желба ставаме малку кашкавал. Поклопуваме. Ги запекуваме во загреана тава на умерен оган, колку да се загреат тортиљите, а кашкавалот да се опушти, од двете страни. Сервираме на даска со прилог од доматен сос со свеж босилек.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани