За овој кекс потребно е да имате калап со длабнатина, кој после печењето на тестото, се превртува наопаку. Мојот калап е силиконски.

Подготовка
1. Се делат жолчки од белки. Белките со шеќерот се матат во цврст снег, и постепено се додаваат жолчките една по една.
2. Се додава маслото и брашното, се мати со помала брзина на миксерот.
3. Силиконскиот калап се премачкува со маргарин, се става на плех од шпорет, и во него се истура смесата. Се пече околу 25 минути на 180 степени.
4. Убаво изладениот кекс се превртува на чинија како на втората дополнителна слика.
5. Вдлабнатината се полни со готовиот овошен полнеж од вишна, убаво се размачкува со нож.
6. Шлаг пената се мати според упатството и со готварски шприц се декорира врз филот од вишни.
7. Кексот се остава да отстои 2-3 часа и се служи.

Забелешка
* Ако се користи метален калап, времето на печење ќе се намали околу 15 минути.
* За полнеж може да се употреби било каков фил по желба или пак овошје.

(536)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани