За да го напишам рецептот за лепчето со ленено семе, мораше прво да го напишам овој рецепт бидејки таму е потребно квас со 100% влажност.
 
1. Земете од 50% квасец и одмерете 10 гр., додадете 10 гр, брашно, 10 гр. вода - измешајте и оставете да ферментира 6-8 часа.
2. Помешајте 25 гр. од претходно веке ферментираниот квас со 25 гр. брашно и 18 гр. вода, - повторно оставете да ферментира 6-8 часа.
3. Земете 50 гр. од претходно ферментираниот квас, додадете 50 гр. брашно и 45 гр. вода - добро измешајте и оставете пак да стои 6-8 часа.
4. Земете повторно 50 гр. од претходно ферментираниот квас, додадете 50 брашно и 50 вода. Измешајте и ставете да ферментиа повторно 6-8 часа.
Вака спреманиот квас веке има постигнато 100% влажност и веке можете да го користите.
Напомена
Доколку ви е потребно поголема количина (нели зависи колку тоа ќе замесувате) тогаш во последната фаза зголемете ја количината - пример - земете 75 гр квас, 75 брашно - 75 вода... или 100 гр. и т.н.
Тоа што ќе остане премерете, освежувајте понатаму и чувајте се како што е во постапката со Квасот од 50% влажност.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани