19
фев
2017
Качамак од просо (хроно)
Просото е житарка која е безглутенска со висока нутритивна вредност, алкална и организмот брзо ја вари. Јас често ја користам комбинирам во различни рецепти. Еве идеја како да се направи качамак од просо.
Подготовка
1. Водата свинската маст и солта ги ставаме да зовријат.
2. Просото го мелеме во Нутрибулет или друг блендер, до брашно. Куркумата ја промешуваме во брашното.
3. Го ставаме во водата што врие и интензивно мешаме, смесата да се соедини и да се свари брашното.
Забелешка
Пробајте еднаш па калкулирајте со состојките. Јас го сакам посуво, па така и го правам, некој ја сака варијантата на повлажен качамак. Затоа пробајте, па правете си го по ваш вкус. Појадоков го комбинирав со чварки.