28
апр
2012
Карамел чоколадни труфли
1. Сомелете го или внимателно изблендирајте го чоколадниот кекс.
2. Карамел кремот и маслацот загрејте ги до вриење.
3. Тргнете од ринглата и додадете го кексот.
4. Оставете да се излади.
5. Со лажичка вадете од смесата и правете топчиња валкајте во посипот кој вие го сакате.
Карамел кремот го има и во трговијата, но јас предпочитам да си го спремам дома од млеко, маргарин, ванила и сода.
Највероватно дека ќе поставам и рецепт кој секако не е мој, но испробан и секогаш по тој рецепт го спрема тој прочуен крем,. Има и зошто. Навистина е добар.
Лиценца: Сите права се задржани
Mnogu, mnogu se ubavi. Mojot DDL bese malku pogust, mene mi trebaa pomalku keksi, a odozgora gi napraviv so cokoladna glazura. Super recept, Lile :)
Eve kako mi ispadnaa:
ептен личат....грев ме фаќа да помислам дека треба/мора да се јадат :) :) :) :)
што е ДДЛ и ДОЛ? :)
нормално дека немав по дома нешто како чоколадни бисквити, тоа е префенси за мене, па направив со обични и едната доза ја оставив така, а во другата додадов какао. СУПЕР! :)
иако, пак ќе прашам, појма немам како ги чоколадирате. ептен сум труба изгледа :) :) :) :)
овде изборот да се валкаат во кокос беше на шеќерко. ги проба кога ги направив и така посака :)
туку, не ми е јасно зошто мора да се стави маргарин или путер ПАК?
па самиот крем е масничок. овој пат послушав, ама од следниот пат само крем и бисквити :)