Карамел чоколадни труфли
Состојки
- 380 гр. карамел крем
- 60 гр. маслац или маргарин
- 250 гр. чоколадни кекси
- За посип
- по ваша желба какао, лешник, кокос... орев
Подготовка
1. Сомелете го или внимателно изблендирајте го чоколадниот кекс.
2. Карамел кремот и маслацот загрејте ги до вриење.
3. Тргнете од ринглата и додадете го кексот.
4. Оставете да се излади.
5. Со лажичка вадете од смесата и правете топчиња валкајте во посипот кој вие го сакате.
Карамел кремот го има и во трговијата, но јас предпочитам да си го спремам дома од млеко, маргарин, ванила и сода.
Највероватно дека ќе поставам и рецепт кој секако не е мој, но испробан и секогаш по тој рецепт го спрема тој прочуен крем,. Има и зошто. Навистина е добар.