Денес имав малку вишок на време и си направив голем ќеиф на душава.
Имав одредена количина на штотуку испечени костени.
Ги излупив убаво, но на некои места по малку ми остана од црвената мембрана кои ја содржат костените.
Земав парче по парче ги рендав низ средно крупна цедалка.
Количината која ја добив беше точно 80 грама.
Не велам дека не можат да се сомелат во сецко или машина за месо....но вака добив совршена прашина од костените, без ниту една точка на лушпа.
Во мал сад на оган загреав слатка павлака и го додадов квалитетното, црно чоколадо.
Промешав и тргнав од оган.
Додадов рум, шеќер во прав, мелени ореви и костени.
Соединив убаво.
Одма од млаката смеса формирав солзички.
Во сад на тивок оган ги ставив да се соединат слатката павлака и чоколадото.
Секоја капка, солза ја потопував до половина.
Ги наредив врз хартија да се просушат, а потоа уживав во нивниот уникатен, совршен вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани