Канадска пита со праз
Оризот се вари околу 15 минути. Се прже празот исецкан на ситно, се додава ренданиот морков и се динста со малку вода. Се додава процедениот ориз. Се посолува и се забиберува. Минералната вода се меша со маслото.
Првата кора се попрскува со таа мешавина се става втора кора врз неа и таа се попрскува, се додава и третата кора и врз неа се распоредува од смесата со праз, морков и ориз. Се завиткува во ролат. Истата постапка се повторува со сите кори. Јас имав 15 кори и добив 5 ролати. Се редат во плех и се попрскуваат со остатокот од минерална вода и масло. По желба се наросуваат со сусам. Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути да се добие убава румена боја.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови