
14
јун
2017
Црна обланда со алва
Во тенџере на рингла ставете го шеќерот со водата да зоврие. Тргнете на страна па додајте го иситнет маргаринот и измешајте да се соедини. Потоа додадете ја иситнета алва, па бисквитите и на крај оревите. Рецептот е од маминиот тефтер и дозата на ореви е така пишана, па јас почнав прво со 100 гр и потоа додадов уште 2-30на грама за да ја регулирам густината на филот онака како мене ми одговара. Со жешкиот фил се филоваат обландите и се натиснуваат со тежок предмет за добро да се залепат. Се оставаат така неколку часа или најдобро пеку ноќ па потоа се сечат на коцки или било која форма по желба.