Кадинки
Прво се вари шербетот за да излади додека се прават кадинките.
Се става 1 литар млеко на оган да зоврие. Oткако ќе зоврие се додаваат 3 лажици масло, се трга настрана и малку по малку се додава гризот и се меша постојано да не настанат грутки. Се враќа на тивок оган и се маша уште малку да дојде густа смеса. Се остава смесата да се излади (да е млако) и му се додаваат јајце по јајце мешајки и пецивото. Со влажни раце се прават топчиња се заплескуваат и се редат во подмачкан плех со масло.
Се ставаат по предходно загреана рерна на 200 степени првите 15мин, потоа се намалува на 150 степени. Се печат околу 25 минути да добијат убава златна боја. Се исклучува рерната се оставааат уште 1 минута и се вадат. Се додава ладниот шербет на жешките кадинки. Се оставаат убаво да го впијат шербетот.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови