Италијанска фокача
1. Просејте го брашното во еден сад. Во средината направете вдлабнатина па ставете го квасецот, шеќерот и водата. Оставете да постои така 30 минути. Потоа додадете го маслиновото масло, морската сол и мешавината од италијански билки. Месете убаво меко тесто. Ќе лепи, ставете уште една лажица брашно попрскувајќи да можете да домесите. Јас ви препорачувам да мешате со лажица, тестото е премногу убаво и меко. Покријте го и оставете го уште еден час да отстои.
2. За тоа време, земете хартија за печење и попрскајте ја со брашно. Извадете го тестото од садот.
Рацете нека се намастени, зашто тестото е многу меко. Поделете го на два дела отприлика. Секое парче ставете го на хартијата. Со намастени раце со маслиново масло, тапкајте по тестото да растегнете убава пита, фокача. Нежно со прстите подбуцнувајте ја и растегнувајте ја кората на хартијата. Ќе ставам споредна слика да се види постапката. Така растегнатите кори премачкајте ги со мешавина од италијански билки со маслиново масло. Наросете шафран. Попрскајте ситно сецкани темни маслинки. Тоа со маслинките нека биде 3 маслинки за цело тесто. Сецкајте ситно, ситно, само колку да даде малку мирис и вкус на лепчето.
3. Оставете така уште 30 минутки да лежи тестото на хартијата, па печете во загреана рерна 15 до 20 минутки на 200 степени. Пазете да не го изгорите, меко е и тенко, нежно ... Во рецептата не стоеше, но јас после печењето, пак го премачкав со четкичката со маслиново. Оставив да одмори малку после печењето, а кога го пресеков, неможам да го опишам изненадувањето... Мекооо, мекоо, миризливо и вусно...
На здравја на сите што ќе пробате.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови