Макароните ги вариме во посолена вода.
Јас користев од машничките макрони.
Ги цедиме и оставаме да се изладат.
Кога се ладни додаваме една тегличка суви домати. Зависи од вашиот вкус,можете да ги иситните или да ги оставите појадри.
Руколата ја сецкаме и ја додаваме во салатата.
Тегличката песто од домати ја префрламе во садот кај макароните и благо промешуваме.
Шери доматите ги сечеме на половинки и ги додаваме.
Свежиот босилек го кубеме со раката и го ставаме во садот.
Во салатава се помешува и едно пакетче, во превод значи ореви од бор.
Се зачинува со сол, црн бибер и лук.Се додаваат мешавина од италијански суви зачини. Ако немате мешавина тогаш додадете си по вкус коријандер, оригано, мајоран, рузмарин, жалфија, а можете да додадете и сува толчена чили пиперка.
Салатата е убава ако отстои еден час, а потоа да се служи.
На здравје

Забелешка
Јас не додадов шери домати, затоа што ја правев доцна салатата, а немав дома шери домати. Вкусот, секако беше преубав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови