11
окт
2019
Интегрална пита со сланина и сирење
Едноставна интегрална пита. Прво во еден сад ставаме 100 милилитри млака вода со 1/2 коцка квасец, 1 лажица шеќер и 2 лажици брашно. Кога ќе надојде квасецот се додава киселото млеко, киселата вода, маслиновиот зејтин, jајцето, солта и полека матиме со маталка. Ги додаваме житните снегулки, брашното и меленото семе од тиква. Повторно матиме. На крај го додаваме и издробеното сирење. Смесата ја сипуваме во плех број 28 претходно намастен и побрашнет. Одозгора ја додаваме ,сечената на коцки, сланина и поросуваме со некое семе по желба. Ја оставаме питата да одмори околу 20 минути. Се пече во загреана рерна на 180 степени 25 минути.