Интегрална пита со сланина и сирење
Состојки
- 100 мл млака вода
- 1/2 коцка квасец
- 100 мл кисела вода
- 4 лажици маслинов зејтин
- 1 лажица шеќер
- 1 лажичка сол
- 1 јајце
- 5 лажици житни снегулки од Натура
- 9 лажици интегрално брашно
- 3 лажици мелено семе од тиква
- 100 гр сирење
- 100 гр сланина
Подготовка
Едноставна интегрална пита. Прво во еден сад ставаме 100 милилитри млака вода со 1/2 коцка квасец, 1 лажица шеќер и 2 лажици брашно. Кога ќе надојде квасецот се додава киселото млеко, киселата вода, маслиновиот зејтин, jајцето, солта и полека матиме со маталка. Ги додаваме житните снегулки, брашното и меленото семе од тиква. Повторно матиме. На крај го додаваме и издробеното сирење. Смесата ја сипуваме во плех број 28 претходно намастен и побрашнет. Одозгора ја додаваме ,сечената на коцки, сланина и поросуваме со некое семе по желба. Ја оставаме питата да одмори околу 20 минути. Се пече во загреана рерна на 180 степени 25 минути.