Од мене еве уште едно посно Иваденско кравајче, четврто по ред.
1. Во подлабок сад се дроби квасецот, се додава киселата вода која малку се загрева (да биде млака), маслото, сокот од портокал, изренданата кора од портокалот и се меша.
2. Се додава обичниот и ванилиниот шеќер, прстофатот сол, се почнува со додавање на брашното на кое при сеењето му го додаваме и пецивото.
Се замесува средно меко тесто што не се лепи, додавајќи брашно по потреба.
3. Тестото се премачкува со масло и се остава да кисни околу 15 минути, пак се измесува малку и се остава да кисни уште некое време и убаво да нарасне.
4. Потоа тестото се става на набрашнета подлога, со оклагија се развлекува кора со оклагија со дебелина од 1 прст, и се вадат кругови со чаша или калапче со големина по желба.
5. Јас првo сечев по 2 ленти кои ги исплетив како ортомче, а потоа го свиткав во кругче, па ги наредив бонбоните, а од останатото тесто вадев кругови.
6. Кравајчињата се редат во тавче обложено со хартија бидејќи при печењето бонбоните ќе се стопат, ќе се разлеат и ќе се залепат на дното. Јас ги користам тавите на Делимано за кои не мора да се користи хартија за печење. Наредените кравајчиња се покриваат со најлонска ќеса или фолија и се оставаат пак да нараснат.
7. Се печат на 190 степени околу 20 минути, се вадат од рерна за да се премачкаат со мешавината од шеќер, врела вода и масло и се допекуваат уште 5 минути.

За многу години да е празникот Иванден!
Честито име на сите што го носат и слават!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани