Иванденски мелем
Овој мелем се надевам на сите ни е познат затоа што има голема примена. Се користи за обложување на рани, исекотини.
Исто така доста е корисен за масирање на стомачето кај бебиња постари од 3 месеци затоа што ги ублажува стомачните грчеви.
Погоден е и за смирување на кашлица.
Иметро го носи затоа што обично се подготвува за празникот Иванден ама поради топлото време сега кантарионот процвета побрзо така мораше порано да се направи.
Во чиста измиена и сува тегла се ставаат цветови од кантарион. Ако сте во можност да набавите и црвен кантарион и тој ја има истата улога како жолтиот. Цветовите се редат до половина на теглата а потоа се ставаат цветови од ајдучката трева, па пак се дополнува со кантарион. На крај теглата се налева со зејтин да се покријат убаво цветовите, се затвара и се остава на сонце 40 дена.
Одкако ќе поминат 40 дена се процедува зејтинот, се собира во темни стаклени теглички или шишиња и се чува на темно место-на поладно.
Убаво е секој да го има во својот дом а не бара нити многу работа ниту многу состојки а има супер ефект.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Кога сме веќе кај кантарионот убаво е да се спомне дека жолтиот кантарион е добар да се конзумира и за депресија,. против изгореници, свежи рани кои крварат, отоци, чиреви....
Црвениот кантарион е пак за слабокрвност,болки во желудникот, за апетит.....