19
дек
2014
Зимска бордо свежа салата
Освежителна, лесна, вкусна свежа салата.
На крупно ренде се ренда излупената главица цвекло.
Бордо зелката се сече на танки парчиња.
Се ставаат во вангличка, се додава сол, сусамово масло и оцет по вкус.
Се додава и едно мало лажиче кисела павлака.
Се промешува, се сервира на лист зелена салата и се декорира со лажиче кисела павлака.
Лиценца: Сите права се задржани