Зелник со праз
1. Се мешаат квасецот, шеќерот, солта, 50 мл маслото и млака водата. Се додава брашно по потреба за да се замеси меко тесто, па се покрива со најлонско ќесе. Се остава на топло да нарасне.
2. Додека тестото се стасува, ќе се пржиме празот со една лажичка сол.
3. Нараснатото тесто се размесува и се дели на 5 топчиња. Првото топче се расукува во кора и се наросува празот. Па се витка во ролна, а потоа се формира како спирала.
4. На тој начин се виткаат сите останатите кори и се редат во круг во претходно подмачкана тепсија. Одозгора корите се мачкаат со масло.
5. Зелникот се пече во загреана рерна на 200 степени од 25-30 минути, додека убаво зарумени. Се послужува со јогурт.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови