Се замесува брашното, квасецот растопен со млака вода, сол и малку шекер. Тестото се меси убаво, откога ке нарасне тестото повторно се размесува. Од тестото со сукало се прават потенки кори и секоја кора се става на чист чаршав малку да се потсуши. Откога ќе бидат готови сите кори, во намрсен плех се става една кора, потоа корите се попрскуваат со зејтин и се редат странично во плехот. Во средината на тавата се става убаво испржениот праз и сечен на парчиња (празот најдобро се пржи во тенџере со капак на тивок оган со малку вода, сол, зејтин и на крај од кога ќе се испржи се додава една лаж брашно, смесата да стане погуста).
Врз зелникот се става по малку маргарин и се пече.
Зелникот е највкусен кога е испечен во фурна на оган.
(Оваа традиционално јадење по Гевгелиски си го викаме Крашник)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови