Зелка манџа
Ова е една од омилените манџи кои ги правам дома, и која за чудо ја јадат сите.
Подготовка:
1. Зелката ја сецкаме на поголеми парчиња, морковот, кромидот, доматот ги сецкаме исто на поголеми коцки, исто така и сувите пиперки и се заедно ставаме во тенџере на оган.
2. Во тенџерето ставаме вода, зачин, црвен пипер, малку масло и се оставаме да се вари околу 2 часа, додека не омекне убаво зелката, а и секако и другиот зеленчук. Jас обично проверувам со вилушка дали се варени.
3. Некаде 30 на минути отприлка пред да ја тргнам од оган, јас го додавам сувото месо, заради тоа што не сакам многу да ми омекне, да се вари цело време со останатите состојки. Манџа која можеме да ја правиме во секое годишно време.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови