22
авг
2014
Зелен мафин со пралине бонбони
Со миксер се мешаат јајцето, шеќерот и ванилата, па се додава млекото, зејтинот и брашното заедно со пецивото. Откако ќе се заврши со матењето, се додава малку зелена боја (или некоја друга боја). Откако смесата ќе се измеша со бојата, во подметачите за мафини се става од добиената смеса 1/3 од подметачот, врз нив се става едно пралине бонбонче се додава повторно од смесата да биде пополнет подметачот до 2/3 и на крајот се додава ренданото чоколадо.
Се печи во претходно загреана рерна на 180 степени.
Од оваа смеса ми излегоа 12 мафини.
Лиценца: Сите права се задржани
супер се. добро ни дојде :)