Зелен мафин со пралине бонбони
Состојки
- 250гр брашно
- 250гр млеко
- 150гр шеќер
- 50мл масло за јадење
- 2 ванилин шеќер
- 1/2 прашак за пециво
- 1 јајце
- 12 пралине бонбони
- малку зелена прехранбена боја
- 100гр изрендано чоколадо за готвење
Подготовка
Со миксер се мешаат јајцето, шеќерот и ванилата, па се додава млекото, зејтинот и брашното заедно со пецивото. Откако ќе се заврши со матењето, се додава малку зелена боја (или некоја друга боја). Откако смесата ќе се измеша со бојата, во подметачите за мафини се става од добиената смеса 1/3 од подметачот, врз нив се става едно пралине бонбонче се додава повторно од смесата да биде пополнет подметачот до 2/3 и на крајот се додава ренданото чоколадо.
Се печи во претходно загреана рерна на 180 степени.
Од оваа смеса ми излегоа 12 мафини.