
Зеленчуково Рагу
Посно е. 
 Начин на приготвување
 - Излупете го кромидот, исецкајте на ситно, ставете во тава на зејтин го пржите.
 - Додадете ги печурките. Овкусете на сол и зачинки по ваш избор и продолжете да пржите околу 6-8 мин.
 - Излупете компирот, насечете ги во форма која сакате вие и ставете ги во тавчето или гувечиња (сад кој сте избрале во него да го спремате рагуто).
 - Насецканиот морков ставете го врз компирот.
 - Врз морковот ставете сега смесата од кромидот и печурките, а врз нив ставете ја насецканата пиперка, и гранчињата од целер. Целото ова покријте го со исечениот домат на кругови. Додадете го и магданосот.
 - Во посебен сад направете сос од водата, доматното пире, пресованиот лук, шекерот и брашното. Измешајте да нема грутчиња од брашното, полијте ги зеленчуците и ставете го вака спреманото рагу во рерна зџагреана на 180 степени и нека се крчка околу 1 час.
Лиценца: Сите права се задржани






























