- Варете ги во посолена вода компирот, карфиолот и морковот додека омекне, процедете ги од водата, компирот излупете и се заедно ситно исецкајте.
- Обарете го и спанаќот, истискајте од водата, исто така ситно исецкајте.
- Целиот зеленчук додавајки ја и пченката измешајте го, додадете во него јајцата и жолчката и измешајте. Додадете лебни трошки. Ако не може лесно да се оформи додадете уште се додека не добиете убава компактна смеса податна за обликување.
- Со лажица црпете од смесата, обликувајте ги полпетите, валкајте прво во брашното, потоа во сматените јајца и валкајте ги во лебните трошки. Пржете ги во не многу длабоко масло, вадете ги на салфета...
Служете со сос кој го вие обожавате, но јас ке кажам дека одличниот сос со овие полпети е сосот со киселата павлака и варените жолчки - топло ви го препорачувам.
Напомена
- Компирот го варев во тенџере посолена вода над која ставив сип сад и ги варев морковот и карфиолот, грашкот и пченката ги користев од лименки...
- Наместо две помали јајца можете да ставите 1 јајце и 1 жолчка.
Знам дека ќе ви се допаднат.